Стипендии за официјална летна менторска програма за Дизајнер за социјални медиуми by Adobe

10 делумни стипендии во вредност од 134€ за официјалната летна менторска програма by Adobe

БИДИ ОРИГИНАЛЕН!

Подготви се за најатрактивната професија во креативните индустрии!

Искористи ја оваа можност која се нуди само еднаш во годината за добивање на нови знаења и титули, и работа на реални проекти во соработка со познати компании. Воедно ќе имаш можност овие обуки да ги следиш по повластени цени и да добиеш една од стипендиите.

Adobe Social Media Designer | Дизајнер за социјални медиуми by Adobe

Во 2019/2020 Adobe менторската програма ја посетуваа 630 слушатели.

Социјалните медиуми, се релативно нов феномен активно застапен во маркетингот и промоцијата на секој бизнис посебно во е-бизнисот. А, статистиката бележи импонзантен раст на корисници кои се активни на интернет како членови на различни заедници/платформи/апликации, како на пример: Facebook, Instagram, YouTube, LinkedIn... Маркетингот на социјални медиуми подразбира следење на трендовите, најпопуларните теми и новости во светот и воспоставување визуелна комуникација со нивните следбеници.

Со развојот на социјални медиуми, побарувачката за креаторите на визуелни содржини и дизајнерите за социјални медуми е се поголема. За таа цел, ја развивме менторската програма за Дизајнер за социјални медиуми by Adobe која ќе им помогне на посетителите да дизајнираат содржини за социјални медиуми, реклами за брендови, да креираат промотивни материјали се со цел да ја раскажат визуелно приказната.

Оваа професија нуди многу слобода во изборот на работното место, варира од сопствена онлајн галерија односно портфолио, работа во маркетинг агенции, директно работење со клиенти во компании, Social media инфлуенсери и било кој тип на креатори на содржини и слично.

Дизајнирањето е динамична работа која бара истражување, посветеност, придржување кон рокови, одлични визуелни и технички вештини, како и комуникациски и организациски вештини. Кога зборуваме за креативни професии во оваа област, најбарани компјутерски вештини се без сомневање алатките на Adobe софтверот, т.е. на врвот се добро познатите Photoshop и Illustrator, како и Adobe интернет платформите за дизајн меѓу кои е новиот Spark.

Во целиот процес ќе те водат Adobe инструкторите Бобан Крстев и Марко Јовановиќ, кои имаат долгогодишно искуство во оваа област. Ќе се запознаеш и со Реален клиент за кого ќе работиш на проект за општествено одговорни практики.

Семос Едукација има статус на Adobe Authorized Training Center, а нашите предавачи имаат Adobe Certified Instructor.

Искористи ги овие обуки за понтамошно развивање на вештините и подготви се за најновата Adobe Certified Professional in Visual Design сертификација!



Програма:
  1. Adobe Photoshop CC + ACA испит
    • Запознавање со работната околина
    • Работа со селекции и слоеви
    • Основни корекции на фотографија и Quick fixes
    • Работа со маски
    • Типографски дизајн
    • Напредна композиција
    • Користење на четки
    • Работа со Camera Raw
    • Подготовка за ACA испит
    • Социјални медиуми & Photoshop
      • Документи за социјални медиуми
      • Ретуширање на фотографија
      • Напредни трансформации со Liquify
  2. Adobe Illustrator CC + ACA испит
    • Запознавање со работната околина
    • Работа со селекции и слоеви
    • Работа со основни форми за креирање на векторска графика
    • Уредување и комбинирање на форми и патеки
    • Трансформирање на векторска графика
    • Креирање на илустрации со алатки за цртање
    • Користење на боја со акцент на композиција
    • Типографски дизајн
    • Градиенти, патерни и четки
    • Подготовка за ACA испит
    • Социјални медиуми & Illustrator
      • Документи за социјални медиуми
      • Користење на ефекти и графички стилови
      • Креирање на основно лого
  3. Adobe Spark
    • Запознавање со работната околина
    • Работа со бесплатни фотографии, икони и фонтови
    • Користењето на Photoshop и Illustrator алатки во комбинација со Spark
    • Креирање на графички решенија (Spark Post)
    • Креирање на кратки веб страници (Spark Page)
    • Креирање на кратки видеа (Spark Video)
    • Дополнителни Adobe алатки: Adobe Color, Adobe Fonts, Adobe Stock
  4. Проект за реален клиент од општествено одговорни практики
    • Дефинирање на бриф за проект согласно потребите од Клиентот
    • Развој и креација на дизајнот на ООП проектот
    • Презентации на студентските ООП проекти пред Клиентот

Цените кои се наведени подолу важат само за оваа конкретна понуда понудена преку Летната менторска програма за Дизајнер за социјални медиуми by Adobe.


ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАШ ЗА СТИПЕНДИЈА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА?

Почеток: 21.06.2021

Вкупен број на часови: 108

Вкупна цена на летна менторска програма: 670€

Делумна стипендија: 134€

Цена со делумна стипендија: 536€, на 6 рати од по 90€

Датум на пријавување и уплата: 15 јуни

Начин на плаќање:
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.

Повеќе информации: 071 223 993, Ангелина Канчевска, Раководител на Академија за дизајн и Adobe Authorized Training Center | angelina.kanchevska@semos.com.mk


аплицирај сега