Стипендии за летна менторска програма за Android Developer

10 стипендии за летна менторска програма за Android Developer во вредност од 125€

Претвори ја својата идеја во Андроид апликација!

Летна менторска програма за Android Developer е интензивна и се одвива забрзано во само 2 месеца. Искористете го летото за добивање на нови знаења и вештини, како и работа на реални проекти. Воедно ќе имате можност овие обуки да ги следите по повластени цени и да добиете една од стипендиите.

Почеток: 21.06.2021

Начин на плаќање:
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.


Зошто Android Developer:

  1. Развојот на Андроид апликации е во полн ек. Компаниите се во постојана потреба од андроид девелопери кои ќе работат на подобрување на перформансите на постојните апликации и креирање на нови, додека потрошувачите се секогаш овде со потреба за нова апликација која ќе им го подобри секојдневието.
  2. Лесно совладливо! Доколку имаш желба и можност да ги проучуваш проблемите во оваа индустрија и размислуваш логично за решението, можеш многу лесно да ја изградиш својата кариера како Android developer.
  3. Огромна поддршка од ИТ заедницата. Онлајн групите за поддршка, форумите и сите останати платформи во ИТ индустријата постојано растат со брзо темпо, за Андроид девелоперите ова е одлично место каде што можете да научите, споделувате и да работите заедно со другите професионалци.

Обуката за Android Developer е составена од четири дела, Вовед во развој на андроид апликации, Развој на посовремени и комплексни андроид апликации, Работа на реален проект под менторство и План и развој на кариера.

Наменета е за сите оние кои сакаат да се запознаат со основите на објектно ориентираното програмирање, па подоцна со модерната мобилна платформа Android, како и за оние кои веќе имаат некакво познавање од објектно ориентирано програмирање, а би сакале да се запознаат со јазикот Java и со основите на оваа мобилна платформа. Со изучување на оваа програма, учесниците ќе се стекнат со основи на Java програмскиот јазик кој се користи за програмирање на Android апликации, како и со основните концепти на самата мобилна платформа. Учесниците ќе работат на неколку практични проекти низ текот на обуките, преку кои го зајакнуваат материјалот опфатен во предавањата. Во текот на овој курс секој од учесниците ќе ги совлада клучните карактеристики на програмскиот јазик Јава, кои ќе им помогнат да ги применуваат сите Java функции во контекст на основните компоненти на Android, исто така ќе ги совладаат вештините при градење на UI дизајн. По завршувањето на летната менторска програма секој од учесниците ќе биде способен да започне развој на основна апликација со примена на најбитните концепти и карактеристики кои се потребни за да ги креирате вашите први комплексни Android апликации. Тука започнува третиот дел од програмата, односно работата на реалните проекти кое како најбитен чекор од менторската програма придонесува за секој учесник да работи на своите стекнати вештини и да изгради самодоверба при применување на истите.

Планирање и развој на кариера

  1. Тема – Вовед во развој и планирање на кариера Запознавање со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера.
  2. Тема – Изработка на ЦВ, мотивационо писмо и LinkedIn профил Диксусија за содржината на ЦВ и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат. Отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите.
  3. Тема – Подготовка за интервју Практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју.

Менторски проекти (реален проект)

Работата на реален проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат реален проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кареиерен развој.

Испит Курс Часови
N/A Вовед во развој на Андроид апликации 40 часа
N/A Развој на современи и комплексни Андроид апликации 40 часа
N/A Практичен проект со ментор 20 часа
N/A Планирање и развој на кариера 9 часа


ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА СТИПЕНДИЈА НА ЛЕТНА ПРОГРАМА?

Повеќе информации: 078/270-762 | simona.ristevska@semos.com.mk


аплицирај сега