Стипендии за официјална летна менторска програма за BIM технологии by Autodesk

10 делумни стипендии во вредност од 164€ за официјална летна менторска програма by Autodesk

БИДИ ОРИГИНАЛЕН!

Добиј официјален Autodesk сертификат!

Autodesk Certified User in Revit

Во 2020/2021 оваа обука ја посетуваа 110 слушатели.

Иднината припаѓа на BIM технологијата. (Building Information Modeling)

Во светот денес, BIM технологијата е најактуелната апликација во градежништвото и архитектурата. Навлезена е во националните регулативи како мандаторен софтвер при изработка на проекти при јавни набавки. До 2025 година поради имплементација на BIM-технологијата, се очекува редукција на трошоците за изградба од 33 %, намалување на времето потребно за изградба за 50 %, намалена емисија на СО2 за 50 %

Building Information Modeling (BIM) е интелигентен процес базиран на богати 3Д модели, кој на професионалците од АИГ (Архитектура, Инженерство, Градежништво) индустријата им дава увид и алатки за поефикасно да ги испланираат, дизајнираат, градат и управуваат зградите и инфраструктурата. Извештаите покажуваат заштеди до 50% во буџетот на проектот и времето за нивно завршување, додека во исто време се зголемува квалитетот на проектите. Компаниите, како и владите, ја имплементираат БИМ технологија за постигнување на поголема конкурентност и економски просперитет.

Семос Едукација има статус на Autodesk Authorized Training Center, а нашите предавачи имаат титула Autodesk Certified Instructor

Програмата е поделена на пет дела: Вовед во BIM, Autodesk Revit, Autodesk Navisworks Изработка на реален проект и План и развој на кариера. Во првиот дел ќе се запознаете со БИМ Технологијата и нејзина примена во архитектурата, инженерството и градежништвото. Во вториот дел ќе почнете со изучување на најдобрата алатка која е користена во BIM Технологијата – Autodesk Revit и ќе се стекнете со знаење и можност да добиете Autodesk Certified User сертификат. Во третиот дел ќе се запознаете со Autodesk Navisworks кој служи за детекција на конфликти во моделот и можност за изработка на симулација и анимација. Четвртиот дел од оваа летна менторска школа ќе биде изработка на реален проект. Работата на реален проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат реален проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кареиерен развој. Во петиот дел ќе се запознаете со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера. Ќе се дискутира за содржината на CV и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат, како и отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите. Во овој дел ќе бидат дадени практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју

Цените кои се наведени подолу важат само за оваа конкретна понуда понудена преку Летната менторска програма за BIM технологии одобрено од Autodesk.

Програма:

Вовед во БИМ Технологија

Autodesk Revit

Координација на БИМ модели со Navisworks


ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАШ ЗА СТИПЕНДИЈА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА?

За само 3-4 месеци стекни вештини од областа на BIM технологијата, користејки ја Autodesk Revit платформата која нуди комплетно решение од оваа област.

Autodesk® Revit® Architecture е водечка БИМ платформа во светот наменета за проектанти од сите дисциплини од областа на високоградбата. На корисниците им овозможува да дизајнираат објекти во 3Д околина користејќи параметрични компоненти, да вршат сложени анализи како и да подготват обемна техничка документација. Користењето на Autodesk® Revit® Architecture апликцијата заштедува од 30-50% од времето и буџетот потребни за изработка на проектите во споредба со традиционалното КАД проектирање. Истовремено, Autodesk® Revit® Architecture овозможува поголема контрола над моделот, а со тоа и зголемен квалитет на проектите. Поради големиот број на придобивки, употребата на БИМ технологијата при изработка на проектите е мандаторна во голем број на земји во светот.

Почеток: 21.06.2021

Вкупен број на часови: 115

Вкупна цена на летна менторска програма: 814€

Делумна стипендија: 164€

Цена со делумна стипендија: 650€, на 6 рати од по 108€

Датум на пријавување и уплата: 15 јуни


Начин на плаќање:
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.

Повќе информации: 070 358 369, Мирослав Кламфер Head of Autodesk Training Department miro@semos.com.mk


аплицирај сега