Стипендии за официјална летна менторска програма за Linux Administrator

10 стипендии за официјална летна менторска програма за Linux Administrator во вредност од 300€

Без разлика од која индустрија доаѓаш, кариера во интернет безбедноста е добар избор за подобра и поплатена професија!

Официјалната летна менторска програма за Linux Administrator е интензивна и се одвива забрзано во само 2 месеца. Искористете го летото за добивање на нови знаења, титули, како и работа на реални проекти. Воедно ќе имате можност овие обуки да ги следите по повластени цени и да добиете една од стипендиите.

Почеток: 21.06.2021

Начин на плаќање:
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.

Linux Administrator

Пазарот за работни места за open source е преплавен со работодавачи кои нудат над-просечни плати и погодности со цел да ги вработат и задржат оние лица кои сакаат да научат и да се сертифицираат. LPIC-1 е првата сертификација во Linux професионалната програма за сертификација на LPI – Linux Professional Institute. LPIC-1 ќе ја валидира способноста на кандидатите да извршуваат задачи во командната линија, инсталација и конфигурација на Linux компјутери и конфигурација на basic networking. LPIC-1 е дизајниран да го валидира знаењето на кандидатот во реална систем Linux администрација. Целите на сертификатот се поврзани со реалните работни вештини, кои LPI ги утврдуваме преку анкета за анализа на работните задачи за време на развивање на испитот. Слушателите ќе прават вежби на CentOS дистрибуција, која е целосно компатибилна со RedHat, Scientific Linux, Fedora и многу други Linux дистрибуции.

Пакетот обуки за Linux Administrator ги сочинуваат следните две обуки: Linux System Administrator 101 и Linux System Administrator 102. Доколку успешно ги положите испитите 101 и 102, ќе се стекнете со меѓународно призната LPIC-1: System Administrator сертификација.

Искористете го ова лето за да го добиете потребното знаење кое ќе ве доведе до признаените LPIC сертификации: Linux Administrator и Linux Engineer.

5 факти за Linux кои сигурно не ги знаете

  1. Топ 500-те од сите суперкомпјутери во светот работат на # Linux
  2. Release на нова верзија се врши на секои 66 дена
  3. #Linux е исто така творец на Git
  4. 9 од 10 јавни #cloud системи се базираат на Linux
  5. Откако ќе се навикнеш на Linux, нема веќе назад.

Дали ви треба друга причина да започнете да го учите Linux оперативниот систем?

Планирање и развој на кариера

  1. Тема – Вовед во развој и планирање на кариера Запознавање со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера.
  2. Тема – Изработка на ЦВ, мотивационо писмо и LinkedIn профил Диксусија за содржината на ЦВ и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат. Отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите.
  3. Тема – Подготовка за интервју Практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју.

Менторски проекти (реален проект)

Работата на реален проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат реален проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кареиерен развој.

Испит Курс Часови
LPIC-101 Linux System Administration 1 (LPIC Exam 101) 40 часа
LPIC-102 Linux System Administration 2 (LPIC Exam 102) 40 часа
N/A Практичен проект со ментор 20 часа
N/A Планирање и развој на кариера 9 часа

Искористете ги овие обуки за понатамошно развивање на вештините и подгответе се за LPIC-1: System Administrator сертификацијата.


ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА СТИПЕНДИЈА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА? ?

Повеќе информации: 070/246-146 | irena.ivanovska@semos.com.mk


аплицирај сега