Стипендии за официјална летна менторска програма за Network Defender by Cisco & EC-Council

10 стипендии за официјална летна менторска програма за Network Defender by Cisco & EC-Council во вредност од 600€

Без разлика од која индустрија доаѓаш, кариера во интернет безбедноста е добар избор за подобра и поплатена професија!

Официјалната летна менторска програма за Network Defender by Cisco & EC-Council е интензивна и се одвива забрзано во само 2 месеца. Искористете го летото за добивање на нови знаења, титули, како и работа на реални проекти. Воедно ќе имате можност овие обуки да ги следите по повластени цени и да добиете една од стипендиите.

Почеток: 21.06.2021

Начин на плаќање:
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.

Network Defender

Првото ниво од обуката за Network Defender ја вклучува официјалната обука CCNA од Cisco.

Новата CCNA програма e дизајнирана да ве подготви за работа во ИТ индустријата. Согласно новата програма во CCNA обуката, како нови теми се вклучени мрежна безбедност и автоматизација со програмабилност. Предност на програмата е тоа што опфаќа широк спектар на технологии кои се одлична основа за градење на ИТ кариера. Преку hand-on пристап и многу проекти(лабови) програмата ќе ви помогне да се подготвите за позиција во ИТ индустријата. Но, не застануваме тука, денеска сајбер безбедноста доминира во приоритетите на секоја корпорација која се стреми да се адаптира во овој пост-КОВИД свет. Присилени да работат на далечина, идентитетите и уредите на нивните работници се новиот безбедносен периметар. Всушност, сајбер безбедноста во бизнисот сега е критична како и самиот интернет пристап.

Студиите и извештаите демонстрираа дека сајбер напаѓачите се брзи во напаѓање на нови, незаштитени системи креирани во време кога милиони работници започнаа да работат од дома. Овозможување на мрежна безбедност на вакви дистрибуирани екосистеми во овој пост-пандемичен свет е тест за секој тим кој се бави со мрежна безбедност. CNDv2 програмата е надградена и надополнета со муниција спремна за битки за да помогне на плавите тимови во одбрана на своите системи и победа врз мрежните закани.

Планирање и развој на кариера

  1. Тема – Вовед во развој и планирање на кариера Запознавање со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера.
  2. Тема – Изработка на ЦВ, мотивационо писмо и LinkedIn профил Диксусија за содржината на ЦВ и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат. Отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите.
  3. Тема – Подготовка за интервју Практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју.

Менторски проекти (реален проект)

Работата на реален проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат реален проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кариерен развој.

Испит Курс Часови
200-301 CCNA Implementing and Administering Cisco Solutions (CCNA) 40 часа
CND Certified Network Defender - v2 40 часа
N/A Практичен проект со ментор 20 часа
N/A Планирање и развој на кариера 9 часа

Искористете ги овие обуки за понатамошно развивање на вештините и подгответе се за CND сертификацијата.

*Во цената на обуката се вклучени две шанси за полагање на официјалниот CND испит!


ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА СТИПЕНДИЈА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА? ?

Повеќе информации: 078/270-762 | simona.ristevska@semos.com.mk


аплицирај сега