Стипендии за официјална летна менторска програма за Software Tester by ISTQB (iSQI)

10 стипендии за официјална летна менторска програма за Software Tester by ISTQB во вредност од 270€

Стекнете се со ИТ вештини на иднината!

Официјалната летна менторска програма за Software Tester by ISTQB е интензивна и се одвива забрзано во само 2 месеца. Искористете го летото за добивање на нови знаења, титули, како и работа на реални проекти. Воедно ќе имате можност овие обуки да ги следите по повластени цени и да добиете една од стипендиите.

Почеток: 21.06.2021

Начин на плаќање:
Можност за плаќање до 12 рати со кредитни картички на Стопанска банка АД Скопје без камата или со договор на 6 рати заверен на нотар.

ISTQB Software Tester

Во 2020 година оваа обука ја посетуваа 373 слушатели.

Дали барате да започнете возбудлива кариера во ИТ светот? Тогаш сте на вистинското место. Тестирањето на софтвер е најкритичниот дел во развојот на еден софтвер. Невозможно е да се создадат успешни дигитални производи без да се тестираат пред и по продукција. Најдобрите тимови за развој на софтвер уште од самиот почеток вклучуваат тим од тестери и QA инженери. Биди и ти дел од тој тим!

Првото ниво од обуката за Software Tester by ISTQB им овозможува на оние слушатели со никакво искуство во оваа област да се стекнат со знаење за некои од основните принципи на тестирање. Слушатели ќе научат како активностите за тестирање ги поддржуваат активностите за развивање во различни модели за развој на софтвер, како и општата терминологија за тестирање. Курсот дава преглед на статичните и динамичните техники на тестирање и како истите да се применат; ве запознава со менаџирање на проблеми при тест, вклучувајќи планирање на тест и проценка, тестирање врз основа на ризик и менаџирање на инциденти, како и поддршка на алатки за тестирање, опишувајќи многу видови на поддршка на алатки, придобивки и потенцијални ризици на алатките и ефективен процес за нивно вклучување во организација. Второто ниво од обуката ги води тестерите до разбирање на вредностите и принципите кои ги поткрепуваат Agile проектите, и како тие се интегрален дел од целиот тим заедно со девелоперите и бизнис претставниците. Agile Extension ќе му овозможи на тестерот знаење со кое ќе може да биде дел од Agile тестинг тимовите и да постигне поголеми перформанси. Во третиот дел од програмата започнува најважната фаза, односно работата на реален проект под менторство, кој придонесува кон реална примена на веќе стекнатите вештини на секој од учесниците и стекнување на практично искуство кое води до зголемена самодоверба.

Планирање и развој на кариера

  1. Тема – Вовед во развој и планирање на кариера Запознавање со предусловите за развој на кариерата и давање на насоки за изработка на индивидуален план за кариера.
  2. Тема – Изработка на ЦВ, мотивационо писмо и LinkedIn профил Диксусија за содржината на ЦВ и мотивационо писмо и детална разработка на поединечните целини кои истите ги содржат. Отварање на профил на LinkedIn и негова оптимизација согласно претходно стекнатите знаења и потребите на компаниите.
  3. Тема – Подготовка за интервју Практични совети за вербална и невербална комуникација како и дискусија за најчесто поставуваните прашања во рамки на едно интервју.

Менторски проекти (реален проект)

Работата на реален проект е најважниот дел од процесот на едукација. Со помош и поддршка од менторите, слушателите изработуваат реален проект во којшто имаат можност да го употребат претходно стекнатото знаење. Работата на реални проекти придонесува во развојот на критичко размислување и стекнување на вештини за справување со проблеми. Најголемата предност на реалните проекти е тоа што истите се дел од професионалното потфолио на слушателите и претставуваат чекор напред во нивниот кареиерен развој.

Семос Едукација има статус на акредитиран провајдер на обука за ISTQB Certified Tester Foundation Level (CTFL) и ISTQB Certified Tester Foundation Level – Agile Tester (CTFL-AT) од страна на UK Testing Board (UKTB), нашите тренери се професионалци со долгогодишно искуство во областа.

Испит Курс Часови
CTFL_Syll2018 ISTQB® Software Testing Foundation 24 часа
CTFL-AT ISTQB® Foundation Extension Agile Tester 20 часа
N/A Практичен проект со ментор 30 часа
N/A Планирање и развој на кариера 9 часа

Искористете ги овие обуки за понатамошно развивање на вештините и подгответе се за ISTQB Software Testing Foundation Level - ISTQB CTFL_Syll2018 сертификација!


ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА СТИПЕНДИЈА НА ОФИЦИЈАЛНАТА ЛЕТНА ПРОГРАМА? ?

Повеќе информации: 078/270-762 | simona.ristevska@semos.com.mk


аплицирај сега